Наполи се врати на второто место во Серија А, со шест поени помалку од Јувентус, откако со 2:0 го совлада Сасуоло на „Сан Паоло“.
Адам Унас уште во втората минута донесе водство за „партенопеи“ по една несфатлива грешка на домашната одбрана, а печат на победата стави Лоренцо Инсиње во 72. минута, кога постигна фантастичен гол од дваесетина метри, негов шести гол во новата сезона.
Со победата Наполи има 18 поени на второто место во Италија, шест помалку од „совршените“ Јувентус, но и три повеќе од Лацио.
Фото: ЕПА