Top Sport

Марез „трагичар“ за Сити, без голови и победник на „Енфилд“ (видео)

Манчестер сити, Челси и Ливерпул се на врвот на табелата во Англија со по 20 поени по осум кола во Премиер лигата, откако Ријад Марез утна пенал и пропушти огромна шанса на тимот на Пеп Гвардиола да му донесе славна победа на „Енфилд“.

Тоа што беше најавувано како големо англиско дерби и судир на две напаѓачки филозофии, на крајот не донесе многу возбуди. Ливерпул ја имаше иницијативата од почетокот на мечот, но до шанси за голови беше тешко да се дојде. Кога Манчестер сити реши да врати, и тоа остана со ист резултат.

На пет минути пред крајот, Алжирецот Ријад Марез имаше огромна шанса да биде херој на Сити, кога по фаулот на Виргил ван Дајк над Сане беше досуден пенал, но Марез шутираше високо над голот на Алисон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top