Напаѓачот на Црвена звезда, Милан Павков од аноминен фудбалер прерасна во вистинска ѕвезда со само еден натпревар, откако им даде два гола на Ливерпул за славната 2:0 победа на неговиот клуб. Сега, според италијанскиот „Тутоспорт“, на портите чука Милан!
24-годишниот новосаѓанец, кој до пред три години играше во третолигашот Пивара од Челарево, ова лето конечно доби шанса во Звезда и тоа им се исплатеше.
Генералниот директор на Звезда, Звездан Терзиќ, пак демантира дека договорот на Павков завршува на крајот на сезоната и најавува дека тој и покрај договорот до 2020 година, ќе остане уште многу години во Звезда. Секако, додека не дојде вистинската понуда.
„Страв ми е да него оптовариме премногу. Се работи за скромно момче од работничко семејство, вистински спортист и не смее да го загуби компасот. Има само 24 години и блескава кариера пред него“, вели Терзиќ.
Фото: ЕПА