Top Sport

Марадона: Солари нема долго да биде тренер на Реал

Диего Армандо Марадона не верува дека неговиот сонародник Сантијаго Солари долго ќе се задржи на тренерската функција во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“, во вторникот потврди дека Солари потпишал договор до јуни 2021 година.

„Солари нема поддршка од екипата. Тој доби доверба и поддршка од претседателот на клубот, но мислам дека нема долго да биде тренер на Реал“, рекол Марадона.

Така беше и со Зидан кога ја доби довербата да го води првиот тим?

„Различно е кога зборувате за човек со такво име, како што има Зидан“.

Дали би сакале вие да добиете шанса да го водите Реал?

„Секако дека би сакал. Имам доволно искуство, но во моментов сум среќен во клубот, во кој работам“, нагласил тренерот на мексиканскиот второлигаш Дорадос.

Scroll to Top