Top Sport

Интер бесплатно ќе се засили со четворица фудбалери

Директорот на Интер, Џузепе Марота e вистински мајстор во својата работа. Секогаш знае како да убедил играч без договор да го одбере Интер пред некој друг клуб.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тој во јануарскиот преоден рок ќе постигне договор со четворица фудбалери, кои би го засилиле Интер од наредната сезона.

Прв на листата е 20-годишниот стопер на Лил, Тиаго Џало, Португалец на кого му предвидуваат голема иднина.

Вториот е Пјотр Зјелински од Наполи, кој и во минатото се поврзуваше со Интер. На листата на Марота е и одличниот Чех од Вест Хем, Томаш Соучек.

Последен на оваа листа е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, на кого минатот лето во финишот на преодниот рок му пропадна трансферот во Милан.

Scroll to Top