Top Sport

Интер без мотивација пред  11 илјади деца на „Сан Сиро“ (видео)

Интер не успеа да го победи Сасуоло, одигрувајќи 0:0 во необичен меч од Серија А, во кој за публика имаа само 11.000 деца!

Мечот се играше без публика како казна за Интер за расистичките извици кон Калиду Кулибали на мечот со Наполи, но „нераѕурите“ добија дозвола да донесат 11.000 деца од локалните училишта во Милано за промоција на иницијативата „БУУ“, која не го значи препознатливиот извик на фудбалските стадиони туку „Brother Universally United“ (Универзално обединети браќа).

И покрај убавата иницијатива на клубот, на теренот немаше многу акција, и двата тима се задоволија со поделба на еден поен.

Интер останува трет со 40 поени, четири помалку од Наполи (кои имаат и натпревар помалку), додека Сасуоло се на 12. место со 26 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top