Интер и Манчестер јунајтед во јануарскиот преоден рок би можеле да разменат играчи. Како што пренесува „Кориере дело спорт“, Интер му го понудил Жоао Марио на Манчестер јунајтед во замена за Хенрик Мхитаријан.
Жоао Марио има 24 години во Интер пред 18 месеци пристигна за сума од 45 милиони евра. Португалецот во Милано не ги оправда очекувањата, постигна само три гола на 43 натпревари.
Мхитаријан исто така е 18 месеци во Манчестер јунајтед. Премиерлигашот за Ерменецот на Борусија Дортмунд ѝ плати 40 милиони евра. Мхитаријан одлично ја почна сезоната, во периодот кога Јунајтед освои 17 од можните 19 бода, имаше ефект од два гола и пет асистенции, потоа го загуби местото во стартниот состав, на последните седум натпревари тој не беше ниту во протоколот.
Првиот план на Интер бил Жоао Марио да му го понудат на ПСЖ во замена за Хавиер Пасторе, но тренер Лучано Спалети инсистирал на Мхитаријан.