Голманот на Интер, Даниеле Падели го прослави својот 32. роденден со необичен „подарок“ од своите соиграчи – доби јајца и брашно на тренинг.
Падели, како многумина пред него во Интер, го доби истиот „третман“, откако неговите соиграчи Марцело Брозовиќ и Мауро Икарди го „начекаа“ додека тој тренираше. Голманот, кој дојде од Торино во текот на летото, сфати што му се подготвува, но Икарди скрши две јајца над неговата глава, пред Брозовиќ да го додаде брашното.
Тој реши да побара од тренерите да продолжат со тренингот велејќи: „Повторно ќе одбранам“.
Претходно сличен „третман“ имаа и Данило Д’Амброзио и Маријас Вечино.