Интер се подготвени да се откажат од услугите на поранешниот репрезентативец на Белгија Раџа Наинголан. Фудбалерот во клубот пристигна како големо засилување, до во првиот дел од сезоната предничи со недисциплината.
Интер, го суспендира Наинголан и го казни парично со 100.000 евра, откако минатата недела неколку пати доцнел на тренинзите.
Челниците, како што пишува „Газета дело спорт“, имале намера да го продадат овој фудбалер веќе во јануарскиот преоден рок, доколку за него стигне понуда што ќе ги задоволи нивните апетити.
Интер, летово, на Рома и плати 38 милиони евра за Наинголан.
Истиот извор, пишува дека Наинголан најверојатно ќе биде продаден во Кина, во Гвангжу Евергранде.