Top Sport

Интер ги одби нападите на конкурентите – Барела го продолжи договорот

Фудбалскиот клуб Интер, потврди дека Николо Барела потпишал нов договор. Барела на „Џузепе Меаца“ ќе остане уште најмалку пет години.

Интер, по Лаутаро Мартинез, успеа да задржи уште еден важен играч во тимот. Со новиот договор, Интер, ги одби потенцијалните напади на конкурентите. Барела се поврзуваше Ливерпул и Тотенхем.

Со новиот договор Барел годишно ќе заработува пет милиони евра.

Од почетокот на сезоната, репрезентативецот на Италија, има одиграно 15 натпревари, постигнал еден гол и забележал шест асистенции.

Scroll to Top