Top Sport

Интер ги одбиле Атлетико за Лаутаро Мартинез

Интер одбиле понуда од 50 милиони евра за Лаутаро Мартинез од шпанскиот шампион Атлетико мадрид, тврди „Тутоспорт“.

Преговорите за нов договор меѓу Аргентинецот и Интер „заглавија“ и се верува дека „нераѕурите“ ако добијат добра понуда ќе размислат за продажба, иако 50-те милиони од Атлетико се сметаат за „смешна“ понуда.

23-годишниот напаѓач беше еден од клучните фудбалери на тимот на Антонио Конте при освојувањето на првото скудето по 11 години, но финансиската ситуација во Интер ги натера газдите да го скратат буџетот, по што Симоне Инзаги го смени Конте, а Ашраф Хакими беше продаден на ПСЖ.

Интер го ценат Лаутаро на 90 милиони евра, иако се верува дека понуда меѓу 70 и 80 милиони евра може да ги предомисли.

Scroll to Top