Top Sport

ММА: Мекки го доби Белатор мечот од милион долари

Еј Џеј Мекки по само две минути го совлада Патрисио „Питбул“ Фреире за да добие милион долари во пресметката во перо категорија на Белатор ГП во Калифорнија.

26-годишниот Мекки беше најдобриот по маратонскиот Гран При од неколку месеци, откако прво го прати Фреира на подот со удар со ногата, пред да го доврши мечот со давење. Ова е првпат Фреире да загуби со нокаут по 37 меча во Белатор.

„Ви кажав дека ќе го завршам со стил и го направив тоа. Кога го стресов, знаев дека милионот е мој. Но, судијата реши да продолжиме и морав да ја завршам работата“, изјави Мекки, кој има 18-0 скор во перо категорија.

Scroll to Top