Фудбалскиот клуб Интер објави дека ги суспендира сите активности по објавата дека фудбалерот на Јувентус Даниел Ругани е заразен со коронавирусот.
Интер и Јувентус, во неделата, го одиграа дербито пред празни трибини. Ругани овој натпревар го следеше од клупата за резерви.
Поради тоа Интер објавија дека ги прекинува сите активности во наредниот период.
Во кусото соопштение се наведува дека се спроведува неопходната процедура во согласност со ново настанатата ситуација.