Top Sport

Интер го чека Ливерпул, Баерн гостува во Салцбург

Вечерва првиот осмина-финални натпревари во Лигата на шампионите ќе ги одиграат Интер и Ливерпул, односно Слацбург и Баерн Минхен.

Интер, по пауза од десет години успеа да дојде до нокаут фазата, Лигата на шампионите. Ливерпул, изминатите сезони е редовен учесник во елиминациските борби, во 2018 година игра финале, а во 2019 ја освоија титулата.

Прогнозите се дека Ливерпул се фаворити за пласман во наредната рунда, најмногу и поради тоа то реваншот ќе го играат на домашен терен.

Интер ќе биде без суспендираниот Барела и повредениот Хоакин Кореа, Ливерпул се комплетни за пресметката на „Џузепе Меаца“.

Можно состави:
Интер 3-5-2: Хандановиќ – Шркинјар, Де Фрај, Бастони – Дамфрис, Видал, Брозовиќ, Чалханоглу, Перишиќ – Лаутаро, Џеко

Ливерпул 4-3-3: Алисон – Александер-Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон – Луис Дијаз, Фабињо, Алкантара – Мане, Салах, Жота.

Натпреварот ќе го суди Марчињак од Полска.

Баерн се апсолутни фаворити против Салцбург. Баварците сезонава имаа неколку непалнирани киксеви, последниот против Бохум во Бундес лигата, кога за 30 минути примија четири гола.

За натпреварот Јулијан Нагелсман нема да може да смета на голманот Мануел Ноер, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Џамал Мусијала. Веројатно најголем проблем е голманската позиција. Против Салцбург ќе брани искусниот Свен Улрајх.

Можни состави:

Салцбург 4-3-1-2: Кон – Кристенсен, Онгене, Вебер, Улмер – Сучиќ, Камара, Капалдо – Аринсон – Окафор, Адејеми

Баерн 4-2-3-1: Улрајх – Павар, Упамекано, Суле, Ернандез – Кимих, Толисо – Гнабри, Милер, Сане – Левандовски

Натпреварот ќе го суди Оливер од Англија.

Scroll to Top