Top Sport

Интер го декласираше Милан за титула од Суперкупот на Италија

Интер ја доби пресметката со својот лут градски ривал Милан со 3:0, во чудно „Дерби дела мадонина“ во Ријад, Саудиска Арабија за по седми пат да го освојат трофејот од Италијанскиот суперкуп, мечот помеѓу актуелниот шампион во Серија А и освојувачот на Копа Италија. Со ова продолжува потпросечната форма на Милан и во исто време продолжи успехот на „нераѕурите“.

Интер дојде во водство веќе во 10. минута кога Николо Барела го пронајде Федерико Димарко, кој влезе во историјата како првиот фудбалер на Интер кој дал гол во „Дерби дела мадонина“, а е роден во Милано. Само 11 минути подоцна, Един Џеко го удвои водството најавувајќи голема победа за Интер.

Во второто полувреме, сите обиди на Милан да се врати во мечот беа залудни и покрај големиот посед на топката, за во 77. минута Лаутаро Мартинез со прекрасен гол да го потврди триумфот и титулата.

Scroll to Top