Првиот оперативец на Интер, Бепе Марота, според италијанските медиуми го договорил првиот трансфер за летниот преоден рок. По завршувањето на сезоната во Интер ќе пристигне Родриго де Паул од Удинезе.
Аргентинецот игра одлично од почетокот на сезоната и е еден од најдобро оценетите фудбалери во Серија А.
Неколку тимови покажале интерес за неговите услуги, но Интер бил конкретен. Како обесштетување за Де Паул екипата од Милано ќе плати 25 милиони евра.