Top Sport

Интер го донесе „новиот Пирло“

Најталентираниот италијански фудбалер во овој момент, Сандро Тонали, од наредната сезона ќе го носи дресот на Интер. „Новиот Пирло“ како што го нарекуваат италијанските медиуми најпрвин ќе игра како позајмен играч на „Џузепе Меаца“, а потоа Иннтер ќе мора да го откупи неговиот договор.

Првиот човек на Бреша Масимо Челино од Интер ќе ја добие бараната сума од 40 милиони евра за талентираниот фудбалер.

Интер најпрвин ќе платат пет милиони евра за да го позајмат Тонали, а по завршувањето на сезоната ќе платата уште 35 милиони евра за да го откупат договорот на фудбалерот.

Тонали е второто засилување за Интер во пресрет на новата сезона. Претходно договор со клубот потпиша десниот бек Ашраф Хакими. Неговиот трансфер од Реал Мадрид Интер го чинеше 40 милиони евра.

Scroll to Top