Top Sport

Интер го  „дотолчи“ хаотичниот Удинезе (видео)

Интер со 4:0 ги совлада Удинезе на гости, за да ја зголеми кризата во клубот, кој го израмни својот клупски рекорд со 14 меча во Серија А без победа (поставен двапати во 1951 и 2006 година).

Ранокија, Рафиња и Мауро Икарди донесоа предност од 0:3 за „нераѕурите“ во првото полувреме, пред Удинезе да остане со 10 играчи по црвениот картон на Секо Фофана на почетокот на второто полувреме. Борха Валеро додаде уште еден гол за Интер до крајот на мечот, додека Удинезе, ниту под новиот тренер Игор Тудор не успеаја да се „разбудат“ од низата на лоши игри.

Интер сега е петти со 59 поени, само еден помалку од Лацио, додека Удинезе се 14. со 34 поени, само три повеќе од зоната за испаѓањена две кола пред крајот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top