Top Sport

Сан: Јунајтед веќе го имаат обезбедено Милинковиќ-Савиќ

Британскиот таблоид „Сандеј Сан“ тврди дека Манчестер јунајтед веќе го договориле трансферот на младата ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето.

23-годишниот Милинковиќ-Савиќ имаше фантастична сезона во Серија А, со 13 гола и 9 асистенции во 45 мечеви и според „Сан“, Србинот ќе стане ѕвезда на Јунајтед, откако лично Жозе Мурињо го посакал во тимот, разговарајќи со својот поранешен пријател од Челси, Матеја Кежман, кој му е агент на фудбалерот. Кежман беше едно од првите засилувања на Мурињо кога пристигна во Челси.

Милинковиќ-Савиќ би ја засилил средината на Јунајтед, откако Мајкл Керик замина во пензија, а Маруан Фелаини најверојатно ќе замине во текот на летото.  За Милинковиќ-Савиќ се заинтересирани и Тотенхем, кои нудеа 100 милиони за двајца играчи на „лацијалните“ – Србинот и Чиро Имобиле. Двајцата имаат договор со Лацио до 2022 година.

Фото: ЕПА

Милинковиќ-Савиќ покажа зошто го бара пола Европа (видео)

Scroll to Top