Италијанскиот првак Интер се опорави од шокот по поразот од Болоња и стигна до победа (1:2) на гостувањето против Удинезе. По ова „нероаѕурите“ повторно имаат два бода негатива во однос на лидерот Милан на врвот на табелата во Серија А.
Иван Перишиќ во 12.минута донесе предност за Интер, а Лаутаро Мартинез го удвои во 39.минута.
Игнасио Пусето во 72.минута успеа да намали, но трите бода сепак патуваат за Милано.