Top Sport

Интер го „потопи“ Лацио во дождливиот Рим (видео)

Капитенот Мауро Икарди со своите два гола ги предводеше Интер до фантастична 3:0 победа на гостувањето кај Лацио на „Олимпико“, за „нераѕурите“ да се искачат на второто место во Серија А, со шест поени помалку од доминантниот Јувентус.

Мечот за малку ќе беше откажан поради силниот дожд во Италија, а посебно во престолнината.

Резултатот беше отворен во 28. минута, кога Икарди по една долга акција и низа на лоши реакции на одбраната на Лацио, успеа да го совлада Томас Стракоша, за во 41. минута, Марцело Брозовиќ со удар од далеку да зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 беа поставени во 70. минута, кога Икарди доби одлична топка од Валеро, но уште подобро ја исконтролира и го постигна својот втор гол.

Фото: ЕПА

Scroll to Top