Top Sport

Мурињо ќе добие 100 милиони фунти за трошење во јануари

Иако многумина сметаа дека досега ќе биде отпуштен, Жозе Мурињо најверојатно ќе добие голема поддршка од управата на Манчестер јунајтед со голем буџет за трошење во јануари.

Според угледниот британски весник „Гардијан“, бордот на премиерлигашот решил да му даде буџет од 100 милиони фунти за нови засилувања во зимскиот преоден рок. Ова доаѓа откако во текот на летото, Мурињо се жалеше на неактивноста на клубот, а тој бараше нов централен дефанзивец, не успевајќи да обезбеди потпис со Хери Мегвајр, Тоби Алдервирелд, Диего Годин и Леонардо Бонучи.

Јунајтед имаат само еден натпревар без примен гол оваа сезона, и ниту еден клуб од горната половина на табелата на Премиер лигата нема толку многу примени голови.

Се верува дека Јунајтед може да „шопингува“ во Италија, со фокус на Милан Шкринијар и Калиду Кулибали, но можно е да се донесе и засилување во нападот по слабата форма на Ромелу Лукаку, кој нема гол во осумте последни настапи.

Фото: ЕПА

Scroll to Top