Пауло Дибала летово го напушти Јувентус откако не успеа да се договори со околу новиот договор. Дибала, според Јувентус, барал премногу пари, поточно годишна плата од 10.000.000 евра. Аргентинецот веруваше дека некој друг клуб ќе ги исполни неговите финансиски барања, но преговорите со заинтересираните клубови не одат според неговите планови.
Медиумите пишуваа дека неговиот трансфер во Интер е речиси завршена работа, а потоа раководството на миланскиот клуб реши да ги промени условите што му ги нуди. Интер решиле да ја променат должината на договорот, наместо четиригодишен договор, клубот на Дибала му понудил едногодишен договор со можност тој да биде продолжен уште три години.
Причина за ваквата одлука се честите повреди кои ја следат целата кариера на Дибала, па ниту еден клуб не сака да даде огромни пари на фудбалер на кој нема да може секогаш да смета.
Оваа понуда не му се допаѓа на Дибала поради што неговите менаџери започнале преговори со Манчестер Јунајтед, но ниту тој трансфер засега не е блиску до реализација.