Top Sport

Интер го заврши трансферот на Бисек

Интер комплетираше уште еден трансфер. Клубот го договори трансферот на германскиот стопер Јан Бисек.

Европскиот вицешампион ја активираше откупната клаузула од седум милиони евра, која Бисек ја имаше во договорот со дански Архус. Минатата сезона играчот постигна пет гола и имаше три асистенции на 35 натпревари во сите натпреварувања.

Неодамна играше на Европското првенство за играчи до 21 година во Германија. „Панцерите“ не поминаа добро, беа поразени во два натпревари и еднаш одиграа нерешено, голот за еден бод го постигна Бисек.

Јан Бисек кариерата ја започна во Келн, но за овој клубе одигра само три натпревари. Најмногу играше како позајмен во Холштајн Кил, Рода, Виторија и последните две години во Архус.

Scroll to Top