Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Интер се во напреднати преговори со Барселона за позајмица на Алексис Санчез, додека во спротивна насока би дошол Лук де Јонг, доколку тоа го дозволи неговиот матичен клуб, Севилја.
Заминувањето на Чилеанецот Санчез од „Сан Сиро“ се очекуваше овој јануари и покрај тоа што тој во последните неколку меча ја подобри формата, првично поради високата плата која ја добива, а потоа и поради честите повреди.
Договорот зависи од согласност на Севилја, бидејќи 31-годишниот холандски напаѓач Лук де Јонг е играч на андалузискиот клуб кој е на позајмица во Барселона, за која одигра само 11 меча и даде само еден гол.
Санчез вака би се вратил на „Ноу Камп“, каде што играше од 2011 до 2014 година по трансњферот од Удинезе. Чилеанецот има договор со Интер до јуни 2023.
#FCB ??
? NOTICIA SPORT
? ¡Bombazo, Alexis Sánchez podría volver al Barça!
✍? @josepcapdevilahttps://t.co/5rwKE9AlWG
— Diario SPORT (@sport) December 15, 2021