Top Sport

Луд меч во Хрватска – Петковиќ со црвен за „понижување“ на голман, Ристовски ја потврди победата

Во невеорјатен меч помеѓу Истра 1961 и Динамо Загреб на стадионот „Алдо Дросина“, гостите стигнаа до 0:2 победа во меч со три црвени картони, од кои најмногу зачудуваше исклучувањето кое го заслужи Бурно Петковиќ при изведување на пенал на „модрите“.

Амер Гојак во 10. минута ги донесе Динамо во водство, пред да се случи вистински хаос во последните 10 минути. Динамо остана со играч помалку по црвениот картон на Кевин Теофил-Кетрин во 80. минута, но веднаш потоа Динамо доби пенал, откако Петковиќ падна по судирот со дефанзивецот на Истра, Силва.

По ВАР проверката, овој жолт картон беше поништен, а црвен картон доби голманот Лучиќ. Петковиќ ноншалантно од белата точка даде гол, но судијата Струкан реши да му додели втор жолт картон за неспортско однесување, односно обид да го измами голманот.

Драмата не заврши тука – македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ја потврди победата на Динамо со гол во последните моменти од играта.

Scroll to Top