Top Sport

Интер и Дибала се блиску до конечен договор

Интер и Паоло Дибала се блиску до договор, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Аргентинецот на 30. јуни, како слободен играч ќе го напушти Јувентус.

„Интер му нуди на Дибала четиригодишен договор и годишна плата од речиси 6 милиони евра. Дибала сака да дојде во Интер, а преговорите ќе продолжат деновиве кога треба да се договорат клучните детали“, напиша Романо на „Твитер“.

Дибала во Јувентус пристигна во летото 2015 година од Палермо за 41 милион евра. За Јуве одигра 293 натпревари, постигна 115 гола и забележа 48 асистенции. Освои пет титули на Италија, четири Купа и три Суперкупа.

 

Scroll to Top