Top Sport

Интер и Јуве бараат одложување на Суперкупот

Интер и Јувентус побарале одложување на Суперкупот на Италија до крајот на сезоната, откако италијанските власти објавија дека фудбалските стадиони можат да бидат исполнети само до 50 отсто од капацитетот поради зголемениот број на КОВИД-случаи.

Актуелните шампиони од Серија А и носителите на трофејот од Копа Италија традиционално играа во Суперкопа Италија во август пред стартот на сезоната, но во последните години овој меч се игра во декември и јануари, а оваа година закажан е за на „Сан Сиро“ на 12 јануари.

Доколку се одигра мечот со 50 отсто капацитет двата клуба ќе загубат околу 1.5 милиони евра од продадените билети.

Scroll to Top