Top Sport

Монако го „шутнаа“ Нико Ковач

Францускиот прволигаш Монако му врачи отказ на хрватскиот тренер, Нико Ковач, тврди француската новинска агенција „АФП“, откако на руските газди на клубот им дојде преку глава од слабите резултати на клубот.

Поранешниот тренер на Баерн Минхен го презеде Монако од Роберто Морено во јули 2020 со тригодишен договор со опција за уште една година и лани ги предводеше до третото место во лигата зад шампионот Лил и Пари Сен-Жермен, но беа елиминирани бргу во Лигата на шампионите и во моментов се на шестото место во Лига 1 со 17 поени заостанување зад ПСЖ.

Покрај ова, според француските медиуми во соблекувалната на клубот имало тензии и токсична атмосфера, и јавен конфликт меѓу 50-годишниот тренер и капитенот Висам Бен Једер.

Ковач ги предводеше Баерн до двојна титула во 2019 година, а претходно работеше и во Ајнтрахт Франкфурт и беше хрватски селектор.

Scroll to Top