Top Sport

Интер и Манчестер јунајтед во „трка“ за Ракитиќ за 50 милиони евра

Интер има конкуренција од Манчестер јунајтед за хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, за кој Барселона поставила цена од 50 милиони евра, тврди „Мундо депортиво“, додавајќи дека во Каталонија нема да имаат проблем да се простат со Ракитиќ.

„Нераѕурите“ се обидуваа да потпишат со колегата од репрезентацијата на Ракитиќ, Лука Модриќ подолго време, но сите приоди биле одбиени, така што клубот од Милано планира да најде нова цел за ова лето

Ракитиќ е на „Ноу камп“ од 2014 година, освојувајќи титула од Лигата на шампионите, три од Ла лига и четири од Копа дел реј, меѓутоа во Барселона планираат да го подмладуваат тимот, така што ќе му дадат „виза“ на Ракитиќ да замине.

Scroll to Top