Европската фудбалска унија (УЕФА), како што пишива „Месаџеро“, побарала од Интер и Рома да се повлечат од понатамошните натпревари во Лига Европа, откако поради коронавирусот беа одложени нивните осмина-финални натпревари со Хетафе односно Севилја.
Според „Месаџеро“, УЕФА испратиле допис до Интер и Рома со кој ги молат да се повлечат од Лига Европа за да може натпреварувањето непречено да продолжи.
Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин се надевал дека според планираното ќе завршат Лигата на шампионите и Лига Европа, а со тоа на време би започнало ЕУРО 2020.
И покрај молбите, истиот извор тврди дека Интер и Рома ќе го одбија предлогот.
Се уште не е познато што ќе се случи со Јувентус, откако е утврдено дека фудбалерот на овој клуб Даниеле Ругани за заразен со коронавирусот.