Top Sport

Интер или Тотенхем – Трансферот на Толисо зависи од Брозовиќ

Интер и Тотенхем ќе се борат за потписот на Корентан Толисо. Баерн Минхен нема да ја продолжат соработката со 27-годишниот фудбалер, што значи дека тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.

„Кикер“, тврди дека Интер и Тотенхем го контактирале менаџерот на фудбалерот. Најголем проблем финансискиот дел од договорот, Толисо од идниот работодавец бара годишна плата од шест милиони евра.

Нивиот менаџер на Тотенхем, го означил Марцело Брозовиќ како примарна цел наредното лето. Доколку не успее да го донесе Хрватот, тогаш Тотенхем би се насочиле кон Толисо.

Слична е ситуацијата и во Интер. Доколку клубот не успее да го убеди Брозовиќ да потпише нов договор, тогаш во приказната би влегол Толисо. За Интер проблем претставува и платата што ја бара поранешниот француски репрезенттаивец.

Се шпекулура дека за услугите на Толисо е заинтересиран и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Толиос, во 2017 година за 41,5 милиони евра од Лион се пресели во Баерн Минхен. Кариерата во Минхен му ја обележаа повредите, поради што сезонава има одиграно само 262 минути.

Scroll to Top