Top Sport

Интер имаат целосна доверба во Инзаги, сонот на скудетото е остварлив

Директорот на Интер, Бепе Марота по тензијата меѓу навивачите на „нераѕурите“ со поразите од Лацио и Милан во Серија и 0:2 поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, вели дека клубот има целосна доверба во тренерот Симоне Инзаги и ги потсети дека е добро да се биде „здраво реален“ околу ситуацијата во клубот.

„Потребен ни е здрав реализам, по секој пораз треба да се направи анализа на проблемот и тоа е работа на директорите и тренерот во тимот, да се извлечат позитивни работи за иднината. Знаеме дека Премиерлигата е супермоќна во фудбалот, но малку клубови од Шпанија и Германија можат да си приуштат големи трошоци на пазарот на играчи. Во Италија тоа е уште потешко, но не треба да биде алиби. Вчера загубивме од посилен тим. Мислам дека Инзаги добро си ја врши работата, иако имавме два порази во последните два меча. Мораме да покажеме респект кон дресот и да се оддолжиме на навивачите кои доаѓаат на ‘Сан Сиро’. Веруваме до крај, сезоната само што започна. Скудетото е сон кој може да се оствари, и не се предаваме превреме“, вели Марота за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top