Top Sport

Грција со совршени 5-од-5, Чесите ги елиминираа Израелците!

Кошаркарите на Грција со совршен 5-0 скор ги завршија натпреварите во групата Ц на Евробаскетот, откако со 90:69 рутински ја победија Естонија, иако постои мала загриженост за повредата на нивниот најдобар кошаркар Јанис Адетокумбо.

НБА ѕвездата за едно полувреме уфрли 25 поени и имаше 5 скока и 4 асистенции, пред во третата четвртина при еден фаул во напад да го повреди скочниот зглоб и до крајот на мечот да остане на клупата. Костас Слукас додаде 11 поени за Грција, додека за Естонија најефикасен беше Вене со 16 поени.

Следни за Грците како првопласирани во својата група се Чесите, кои успеаја со 88:77 да го шокираат и да го елиминираат Израел. Пред домашната публика, Чесите поведоа со 26:17 по првата четвртина, за водстсвото да го зголемат на огромни 19 поени и рутински да го донесат мечот до крај. Војтех Хрубан со 25 поени и Јан Весели со 16 поени беа лидери на чешката репрезентација, додека за Израел, Јам Мадар имаше 16 поени.

ГРУПА Ц
Хрватска – Украина 90:85
Естонија – Грција 69:90
Велика Британија – Италија 21.00 ч.

ГРУПА Д
Финска – Холандија 88:67
Чешка – Израел 88:77
Србија – Полска 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top