Top Sport

Интер испаднаа од ЛШ, Шоу се мајтапи со Лукаку (Фото)

Ромелу Лукаку синоќа постигна гол за Интер против Барселона, но не успеа со својот тим да избори пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Лукаку, во летниот преоден рок, во трансфер тежок 65 милиони евра од Манчестер Јунајтед се пресели во Интер. Белгиецот замина од Јунајтед и поради желбата да игра во Лигата на шампионите.

Елиминацијата на Интер од Лигата на шампионите ја искористи Лук Шоу кој на „Твитер“ го „пецна“ својот поранешен соиграч Лукаку.

„Добредојде назад“, напишал Шоу под фотографијата на Лукаку која тој ја објави на 22 октомври со зборовите дека им се радува на мечевите во Лигата на шампионите.

Шоу со својот коментар го потсети Лукаку дека и покрај тоа што заминал од Јунајтед повторно ќе игра во Лига Европа.

Scroll to Top