Top Sport

„Златно“ реми за Србинките против Данска

Србија одигра уште еден драматичен меч на Светското првенство за ракометарки во Јапонија. Србија, во Кумамото, одигра нерешено 26:26 (14:11) против Данска. Србинките ги задржаа шансите за пласман во олимписките квалификации и во исто време без шанси за пласман во квалификациите за Токио ги оставија репрезентатативките на Данска. Претходно Србија остана без шанси за пласман во полу-финалето бидејќи Холандија со 40:33 ја победи Јужна Кореја.

Против Данска српските ракометарки одиграа одлични 20 минути во првиот дел, создадоа предност од шест гола (13:7), која Данска ја преполови до крајот на полувремето (14:11).

Во вториот дел доминираа ракометарките од Данска, експресно ја анулираа негативата, а потоа и го презедоа водството. Србинките возвратија со серија од три гола за 20:18 и тоа беше последно водство на мечот за нив.

До крајот константно данска имаше гол предност. Драмата кулминираше во последните две и пол минути. Стине Јоргенсен погоди од седмерец за предност на Данска 25:26. Потоа имаше по два нереализирани напади на двете страни, а конечниот резултат го постави Кристина Лишчевиќ на 20 секунди до крајот. Во последниот напад обидот на Бургард заврши во гредата.

Во Групата 1 натпреварите ќе бидат комплетирани со дуелот помеѓу Норвешка и Германија. Норвежанките со победа ќе го обезбедат првото место во групата и во полу-финалето ќе играат со Шпанија.

Доколку победи Норвешка Србија во понатамошниот тек од првенството ќе игра се бори за петтото место.

Поп-Лазиќ со шест гола ја предводеше Србија, гол помалку постигнаа Лишчевиќ и Стоиљковиќ. Кај Данска шест гола постигна Јоргенсен, а пет Јансен.

Scroll to Top