Фудбалерите на Интер, во Парма, ја забележаа првата победа во 2019 година. Екипата од Милано успеа да победи со минимален резултат. Интер остана на третото место и ја задржа предноста од пет бода во однос на Рома и Лацио.
Фудбалерите на Лучано Спалети го диктираа ритамот на „Енио Тардини“, создадоа неколку одлични шанси за гол, но отпорот на Парма го скршија во 79 минута. Голот за победа го постигна Лаутаро Мартинез кој две минути претходно влезе во игра.
Најдобрата шанса за Парма ја имаше Роберто Инглесе во 93 минута, но неговиот удар го одбрани СамирХандановиќ.