Top Sport

Волејот на Дардер за победа на Еспањол (Видео)

Еспањол забележа победа над Рајо Валјекано 2:1, во натпревар каде ВАР-системот поништи три гола. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски повторно беше во стартниот состав на Рајо.

Гостите од Мадрид имаа предност од 33 минута кога Абдулае Ба постигна гол Пред голот на Ба, ВАР-системот ги поништи головите на Ембарба (Рајо) и Дардер (Еспањол).

Резултатот на 1:1 го израмни Борха Иглесијас од пенал во 71 минута. Потоа на Дардер му беше поништен уште еден гол, во 88 минута.

Овој играч постигна и трет гол, в 95 минута. Од волеј Дардер успеа да го совлада Димитриевски.

Еспањол се наоѓа на 11 место на табелата со 28 бода, додека Рајо со 23 поени се наоѓаат во опасната зона.

Scroll to Top