Top Sport

Интер ја преполовиле сумата што ја бараат за Икарди

Мауро Икарди, еден од најдобрите стрелци во историјата на Интер, по шест години се подготвува да го напушти клубот. Икарди ќе остане во Серија А, прашање е само дали ќе го облече дресот на Јувентус или Наполи.

Икарди е вишок во Интер, тоа му го соопштил и новиот тренер Антонио Конте, кој како прв напаѓач во неговата формација го гледа Ромелу Лукаку.

За да собере пари со кои ќе го реализира трансферот на Белгиецот, Конте е подготвен по дисконтна цена да го продаде Икарди.

Италијанските медиуми објавија дека на Ибица, Ванда Нара сопруга и менаџер на Икарди, со спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи, преговарале околу трансферот.

Наводно Интер биле подготвени да ја преполоват цената и да го продадат Икарди за 60 милиони евра.

Целата ситуација ја следеле со внимание од Наполи чии преставници биле подготвени да се вклучат во преговрите со Интер, бидејќи истите со Јувентус веќе предолго траат.

Scroll to Top