Top Sport

Хезоња во Портланд ќе го носи бројот на Дражен Петровиќ

Портланд Трејлблејзерс потврдија дека нов играч во тимот е 24 годишниот Марио Хезоња. Хрватот во Орегон пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Њујорк Никс.

Хезоња во досегашната своја кариера го носеше бројот осум (Барселона, Орландо, Њујорк), но во Портланд реши да ја земе 44-ка. Изборот не е случаен, во минатото овој број во Трејлблејзерс го носеше неговиот славен сонародник Дражен Петровиќ.

Портланд беше првата станица во НБА кариерата на Петровиќ, но својот вистински квалитет го покажа кога се пресели во Њуџерси, сега Бруклин Нетс.

„Дражен е еден од најдобрите европски кошаркари, ако не и најдобриот на сите времиња. Ова е посебен момент за мене“, рекол Хезоња.

Инаку Хезоња се уште не го исполнил својот потенцијал во НБА лигата. Минатата сезона во дресот на Њујорк Никс, во просек бележел по 8,8 поени, 4 скока и 1,5 асистенции по натпревар.

Scroll to Top