„Седумката“ во Интер во кус временски период го доби вториот сопственик. Кога Ромелу Лукаку ја доби „деветката“, претходниот сопственик Мауро Икарди се реши да го земе бројот 7.
Во тој период Икарди тераше инает со изјавите дека не сака да замине од клубот и дека неговата љубов кон Интер е голема. Се надеваше дека луѓето во клубот ќе омекнат и ќе му дозволат да остане на „Џузепе Меаца“.
Откако тоа не се случи и откако Аргентинецот синоќа стана член на Пари Сен Жермен, бројот 7 доби нов сопственик, Чилеанецот Алексис Санчез.
Овој играч минатата недела пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед. Во клубот се надеваат дека омилениот број на Санчез ќе му донесе поголема среќа од онаа што ја имаше во Јунајтед.
❔ | NUMERO DI MAGLIA@Alexis_Sanchez
⚫️??? pic.twitter.com/E6qw2Hg2Zv— Inter (@Inter) September 3, 2019