Откако четири кола по ред не успеваа да стигнат до победа и да ги искористат киксовите на градскиот ривал Милан, Интер, конечно, се искачи на првото место во Серија А по убедливата 5:0 победа над Салернитана.
На „Сан Сиро“, Симоне Инзаги го извади својот најсилен тим на дуелот со „фенерџијата“, и стигна до убедлив триумф. Лаутаро Мартинез прво ја погоди пречката, за потоа да има хет-трик со голови во 22., 40. и 56. минута, за потоа на сцена да стапи Един Џеко и со два гола за пет минути (64. и 69. минута) да го комплетира „газењето“.
Интер сега има 58 поени на врвот на табелата во Италија, пред Милан и Наполи со 57, додека Јувентус се четврти со 50 поени. На дното, Салернитана останува на 15 поени, дури 10 под место кое би ги заддржало во елитата.