Top Sport

Интер ќе го стави Џеко на трансфер листата

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе го стави на трансфер листата искусниот напаѓач, Един Џеко, тврди „Кориере дело Спорт“.

Џеко, минатата сезона, заедно со Лаутаро Мартинез го предводеше нападот на Интер. Во новата сезона партнер на Аргентинецот ќе му биде повратникот во тимот, Ромелу Лукаку.

Покрај овие тројца, Инзаги има во тимот уште двајца напаѓачи, Хоакин Кореа и Алексис Санчез.

Инзаги дал дозвола Чилеанецот Санчез да го напушти клубот, најверојатно тој ќе се пресели во Олимпик Марсеј.

Инзаги избра меѓу Хоакин Кореа и Џеко и според „Кориере дело Спорт“, тој конечно решил да се ослободи од босанскиот напаѓач.

Scroll to Top