Италијанскиот „Калчомеркато“ тврди дека Интер е многу блиску до договор со младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Тахит Чонг, кој би бил нов играч на „ѓаволите“ кому око му „фрлил“ тренерот Антонио Конте.
Младиот фудбалер повторно не добива многу шанси да биде во првиот состав на Манчестер јунајтед, а бидејќи договорот му завршува на крајот на сезоната, Интер гледа вистинска шанса да добие повеќе минути. Холандското крило би добило петгодишен договор на „Сан Сиро“ со речиси 2 милиони евра годишна плата.
Претходно од Јунајтед во Интер завршија Ромелу Лукаку (продаден), Алексис Санчез (позајмен) и Ешли Јанг (продаден).