Top Sport

Интер ќе ја продолжи позајмицата на Санчез

Фудбалскиот клуб Интер има желба да ја продолжи позајмицата играчот на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез. Чилеанецот оваа сезона е ирач на Интер. Италијанскиот клуб според договорот плаќа една четвртина од плата на Санчез.

Дека Интер сака да го задржи Санчез во изјава за „Скај Италија“ потврдил спортскиот директор Пјеро Аусилио. Во Интер сметале дека напаѓачот би можел да им биде од голема помош кога ќе продолжи сезоната.

Санчес настапи на само 15 натпревари оваа сезона, постигнал еден гол и забележал две асистенции.

Аусилио рекол дека сака сите играчи да останат до крајот на сезоната во Серија А и Лига Европа.

„Ќе ја решиме ситуацијата со оние чии договори истекуваат. Сметаме на Санчез во овие неколку месеци, бидејќи ќе можеме да извршиме проценка што не можевме да ја направиме поради неговото долго отсуство поради повредата. Се сеќавам на натпреварите што ги одигра против Барселона и Сампдорија, тоа беше Санчез од најдобрите денови“, рекол Аусилио.

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни, Интер се трети на табелата со девет бодови помалку од Јувентус.

Scroll to Top