Top Sport

Интер ќе му ги исполни желбите – Брозовиќ ќе остане на „Џузепе Меаца“

Марцело Брозовиќ ќе го продолжи договорот со Интер. Соочени со жестоката конкуренција, челниците на Интер, решиле да ги исполнат барањата што ги поставил хрватскиот репрезентативец.

Договорот на Брозовиќ со Интер истекува по завршувањето на сезоната. Тој од 1.јануари може да преговара со други клубови, но тоа нема да се случи.

Новинарот, Николо Шира, објави дека Брозовиќ ќе потпише со Интер до 2025 година. Со новиот договор ќе добие и годишна плата од 6.000.000 евра.

Од хрватските фудбалери поголема плата од Брозовиќ ќе има само Лука Модриќ (9.500.000 евра).

Scroll to Top