Top Sport

Интер, конечно, победи! (видео)

Интер по пауза од осум натпревари, славеше со тешки 2:1 против Болоња за да се врати на третото место во  Серија А.

„Нераѕурите“ дојдоа во водство уште во втората минута од мечот, кога Марцело Брозовиќ одлично го пронајде Едер во шестнасетникот на гостите. Меѓутоа во 25. минута од мечот, одбраната на Интер направи катастрофална грешка дозволувајќи му на Паласио да израмни на 1:1.

Човек на одлука беше Јан Карамо, кој во 63. минута постигна фантастичен гол од дваесетина метри за прекинување на лошата низа на Интер. Работата на домаќините на „Сан Сиро“ беше олеснета откако во 68. минута Мбаје доби втор жолт картон и Болоња мечот го доигра со 10 играчи.

Тимот на Горан Пандев, Џенова стигна до својата втора победа во низа, откако во финишот на натпреварот Лаксалт „украде“ 1:0 победа на гостувањето во Киево. Џенова сега се на 12. место во Серија А откако првиот дел од сезоната го поминаа на дното.

СЕРИЈА А, 24. КОЛО

Киево – Џенова 0:1

Интер – Болоња 2:1

Сампдорија – Верона 2:0

Торино – Удинезе 2:0

Scroll to Top