Реваншот на Интер против бугарски Лудогорец во Лига Европа ќе се оддржи без публика на „Сан Сиро“, потврди УЕФА, откако во северна Италија последните денови имаше голем број на случаи на заболени од корона вирусот.
Мечот на Интер против Сампдорија, кој требаше да се игра вчера, заедно со уште четири меча од Серија А беа откажани поради истата причина, а сега во четврток, Интер нема да може да смета на својата верна публика за дуелот со Лудогорец.
Мечот стартува во четврто во 21 часот, а Интер има удобна предност од 2:0 од првиот меч.