Интер Мајами му понудиле договор на Еден Азар да се приклучи на клубот од МЛС лигата по неговото заминување од Реал Мадрид,за да биде партнер на Лионел Меси во нападот.
Според „Релево“, клубот во сопственост на Дејвид Бекам ќе му понуди на Азар да биде еден од „одредените“ играчи, кои не потпаѓаат под селери-капот кој го наметнува американската лига.
Азар го раскина договорот по несреќниот престој на „Сантијаго Бернабеу“ и беше поврзуван со враќање во белгискта лига, но и со повлекување од спортот. 32-годишниот Азар веќе има понуда од неговиот домашен клуб, Моленбек.