Top Sport

Интер му нуди на Мбапе да дојде на позајмица

Килијан Мбапе со денови ги полни насловните страници на светските медиуми со сагата околу непотпишувањето нов договор со ПСЖ. Се споменува трансфер во Реал Мадрид, но и во Ал-Хилал, кој за една година му нуди вртоглави 700 милиони евра, но и обештетување од 300 милиони евра во Пари Сен Жермен.

Сепак, прашање е дали Французинот сака да го напушти најквалитетниот европски фудбал.

Многу клубови сега ја гледаат шансата да го доведат Мбапе на едногодишна позајмица, како вакуум до истекот на неговиот договор со ПСЖ. Потоа најверојатно тој ќе потпише договор со Реал Мадрид.

Како што пренесува „Л’Екип“, Интер му нуди на Килијан Мбапе да дојде во Италија на позајмица. Истата понуда му ја даде и Тотенхем. Но, тоа е реално тешко остварливо.

Scroll to Top